Св. Спас - Драчево
Почетна arrow Новини
Почетна
За нас
Верувам...
Беседи и поуки
Новини
Прашања
Галерија
Црковна музика
Контакт
+ + + + + + +
МПЦ
Премин Портал
Новини
Соопштение САС на МПЦ Е-пошта
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан пред синодалните архиереи поднесе исцрпен извештај во врска со струшките хотели „Бисер” и „Изгрев” со заклучок дека не постои никаква незаконска вмешаност на Македонската Православна Црква во овие случаи.
Прочитај повеќе...
 
Кипарската Православна Црква го разгледува документ Е-пошта


На вонредната седница на Светиот Синод на Кипарската Православна Црква под претседателство на Кипарскиот архиепископ Хризостом беше разгледан заклучниот документ на Мешаната комисија за богословски дијалог меѓу православните Цркви и Римокатолиците, познат како „документот од Равена“. Киринејскиот митрополит Павле, кој ја предводи синодската богословска комисија за догматски прашања прочита специјален извештај кој ги разработува донесените одлуки во Равена.

Неодамна, Светиот Синод на Грчката Црква излезе со специјално обраќање кон Пергамскиот Митрополит Зизиулас во врска со развојот на православно-католичкиот дијалог, во кое грчките архиереи искажаа несогласување со неговото еклисиолошко сфаќање на Римскиот папа, искажано во т.н. „Одговори на прашања, во врска со одредени погледи на учењето на Црквата“, од 29 јуни 2007 година. Грчките епископи не се согласни со изложените во нив тврдења, и со тоа дека:

Прочитај повеќе...
 
Благовештение (07.04.2008) Е-пошта
Денес, на празникот на Светото Благовештение во црквата Свети Спас во населбата Драчево во Скопје, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија. На Литургијата во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Жарко Пејковски. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Прочитај повеќе...
 
Крштевка во Свети Спас-Драчево(03.03.2008) Е-пошта

На денот кога Светата Црква го слави споменот на свети Лав I, папа Римски и свети Флавијан, Митрополит Европски г. Пимен во црквата на Свети Спас во Скопје,  го крсти Божјото чедо Софија.

Прочитај повеќе...
 
Православен крст на Северниот пол (10.04.2008) Е-пошта

Архиепископот Игнатиј Петропавловски и Камчатски, минатата недела отслужи Божествена Литургија на Северниот пол - прва во историјата. За таа цел беше инсталиран параклис блиску до кампот „Барнео“, каде што престојуваат руски истражувачи.


Прочитај повеќе...
 
© Sveti Spas - Dracevo