Св. Спас - Драчево
Почетна arrow Беседи и поуки arrow Чинот на колење курбан- принесување на крвна жртва, НО
Почетна
За нас
Верувам...
Беседи и поуки
Новини
Прашања
Галерија
Црковна музика
Контакт
+ + + + + + +
МПЦ
Премин Портал
Чинот на колење курбан- принесување на крвна жртва, НО Е-пошта

За нас христијаните Господ Исус Христос беше последната крвна жртва во овоземниот свет. Значи, лично Тој слезе од небесата, се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек,сé заради нас луѓето и заради нашето спасение. И беше распнат, повторно заради нас луѓето,  во времето на Понтискиот Пилат, страдаше и беше погребен. Значи, лично Господ Бог се принесе Себе Си како крвна жртва за искупување на  гревовите на сите луѓе и целиот свет, за да ги спаси од канџите на ѓаволот и од портите на пеколот. Па има ли поголемо жртвување и  поголема љубов од тоа што Бог го направил за нас луѓето? Зарем крвта на некое теле, јагне, јаре или било какво животно може да биде по света или по животворна и по спасителна од крвта на нашиот Бог Господ Исус Христос? НИКАКО!!!

За нас христијаните Господ Исус Христос беше последната крвна жртва во овоземниот свет. Значи, лично Тој слезе од небесата, се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек,сé заради нас луѓето и заради нашето спасение. И беше распнат, повторно заради нас луѓето,  во времето на Понтискиот Пилат, страдаше и беше погребен. Значи, лично Господ Бог се принесе Себе Си како крвна жртва за искупување на  гревовите на сите луѓе и целиот свет, за да ги спаси од канџите на ѓаволот и од портите на пеколот. Па има ли поголемо жртвување и  поголема љубов од тоа што Бог го направил за нас луѓето? Зарем крвта на некое теле, јагне, јаре или било какво животно може да биде по света или по животворна и по спасителна од крвта на нашиот Бог Господ Исус Христос? НИКАКО!!!

            Христос на Tајната вечера заедно со апостолите ни даде пример, што да правиме ние христијаните за да имаме здравје и спасение и вистински да станеме Христови, односно Негови. Ни ја даде Светата тајна Причест. Да го отвориме Светото Писмо-Библијата и во Евангелието  според Матеј во 26 глава, 26 и 27 стих ќе прочитаме: " И кога јадеа, Исус еден леб, го благослови и рече: >> Земете, јадете, ова е Моето тело<<. И ако ја зеде чашата, заблагодари и рече: >> Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина за простување на гревовите<<.( Матеј 26, 26-28).

            На секоја Божествена литургија на страшнотаинствен начин за нас луѓето, лебот и виното што ги принесува свештеникот во олтарот се претвараат во тело и крв Христови. Тие дарови се Божествени и ние христијаните кога пристапуваме да се причестиме и да ги примиме телото и крвта  Христови во себе, треба да пристапиме покајнички, исповедани, очистени од нашите гревови и измирени со нашите ближни и пред сé со Бога, за да не  ни биде причестувањето за осуда, но за здравје и спасение и за вечен живот. Тоа се вистинските дарови и лекови за нашите души и тела кои треба  постојано да ги примаме, за да станат наша вистинска духовноспасителна традицијa, а не колењето на курбани во дворовите на црквите и манастирите и принесувањето на разни крвни жртви во темелите на куќите или во гробовите на починатите, демек со тоа да измолиме од Бога отстранување  секакво зло од нас. Тие "обичаи" се нехристијански од времето кога Македонија ја газеле Арнаутите, Чифутите и Качаците. Никој не го оспорува давањето на ручек за гладните и сиромасите во дворовите и во трпезариите на црквите. Напротив, дај Боже секоја наша црква да има сила и средства да дава благословен ручек  за своите верници секој ден, а не само на денот на Св. Атанасиј. Но спорен е чинот на колењето на овните и крвопролевањето на крвните жртви, кој во различни села и градови во нашата земја се одвива во дворовите на храмовите, а некаде и во самите цркви. Демек со животинската крв курбанџиите и колачите се помазуваат по главите и телата "за здравје и спасение". КАКВА ЗАБЛУДА!!!

            Господ Исус Христос рекол: "Ниеден слуга не може да служи на двајца господари; зашто или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да му служите на Бога и на Мамона".(Лука 15,13) Рускиот архиепископ Јован Шахофској во својата книга "Патот кон познанието", на стр. 44 вели: "Мамон- страшниот демон и дрзок "бог" на материјалните вредности и на земниот имот- владее со човечките срца повеќе отколку  Живиот Бог. Човекот грчевито и лакомо се држи за својата прашина, за својата глава. Тој знае дека сé што е материјално, вклучувајќи го и неговото сопствено тело, е прашина и дека многу бргу во прашина ќе се претвори; па сепак- таква е силата на гревот- човекот е "приврзан" кон земните вредности и традиции".

            Да ја исполниме првата од двете најголеми Божји заповеди која гласи:>> Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли<<. За тоа каква треба да биде нашата љубов кон Бога, Господ Исус Христос вели: >> Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште ќе направиме<< (Јован 14,24)

            А КОЕ Е СЛОВОТО ГОСПОДОВО? На тоа ни одговара книгата на Светиот пророк Исаија во Библијата и вели:"Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушај се во законот  на нашиот Бог, народе гоморски!>>Зошто ми се многуте ваши жртви - вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотијата на згоениот добиток; крв на телиња, од јагниња и јариња не сакам, Кога доаѓат да се јавите пред лицето Мое, кој ви бара да ги газите дворовите Мои? Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам. И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувате молбите свои, Јас не ве слушам: рацете ваши се полни со крв. Измите се, исчистете се, иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло" (Исаија 1, 10-16).

            Нашиот свет отец и игумен на Лешочкиот манастир "Св.Атанасиј", Кирил Пејчинович-Тетовец кој го обновил манастирот во 1822 година, претходно разурнат од Качаците и Арнаутите,во својата книга "Огледало" на стр. 22-24 вели: " А Вија се надеате на курбани што колете н Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле курбан не ест христијанин, токо е евреин или идолопоклоник. Немојте христијани, не колете жертва кровна, зашто имаме бескровна. Велаким нека седат Чифутите настрана, ела да гледаме вије што сте се почифутиле колејќи курбани. Видете христијани колку грех биват со колење курбани, токмо со Чифутите. А вије се надеате со тоа да измолите Бога и Свјатаго Атанасија, и да истерате болесчини. А вија ако колете, дома колите и јадите. А вија у црква го колите и велите: курбан го праќамо Богу. Да се почифутуете на старост".

            КОЈ БИЛ СВЕТИ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ? Се родил во 296 година во Александрија. Најпрвин бил ѓакон на александрискиот архиепископ. Бил учесник на првиот Вселенски собор во Никеја, одржан во 325 година, каде се прославил со својата ученост, благочестие и ревност кон православието, сузбиваќи ја тогаш распостранетата аријева ерес. Тој го напишал Символот на верата, кој се чита ден денес на секоја  Божествена литургија. Подоцна станал александриски архиепископ и управувал со црквата, со помали прекини, над 40 години. Бидејќи ревносно ги разобличувал еретиците, скоро целиот свој живот бил прогонуван од нив и бил приморуван да бега и да се крие. Дури пред крајот на својот живот, извесен период успеал да проживее мирно, како добар пастир меѓу своите верници одржувајќи ги на вистинскиот пат. Блажено се упокоил 373 година.

            ПОЧИТУВАНИ ВЕРНИЦИ!!! СО НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ ДОПРЕМЕ ДО ВАС, ДО ВАШИТЕ СРЦА И ДО ВАШИОТ РАЗУМ ПРЕНЕСУВАЈЌИ ВИ ЈА БОЖЈАТА ВИСТИНА, ВЕРУВАМЕ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ГО ОТФРЛИМЕ ГРЕВОТ ОД НАС И ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД ПАГАНСКИТЕ КУРБАНСКИ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА КРВОПРОЛЕВАЊЕ И НА КОЛЕЊЕ НА КРВНИ ЖРТВИ ВО ДВОРОВИТЕ НА НАШИТЕ СВЕТИ И ПРЕЧИСТИ ХРАМОВИ, НО ЗАДРЖУВАЈЌИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА НА ДЕЛЕЊЕ НА БЛАГОСЛОВЕН РУЧЕК.

 
< Претходно   Следно >
© Sveti Spas - Dracevo