Св. Спас - Драчево
Почетна arrow Беседи и поуки arrow Децата и Црквата
Почетна
За нас
Верувам...
Беседи и поуки
Новини
Прашања
Галерија
Црковна музика
Контакт
+ + + + + + +
МПЦ
Премин Портал
Децата и Црквата Е-пошта

Децата и Црквата


             Како по правило децата многу сакаат да ја посетуваат Црквата; оваа инстиктивна привлечност и интерес кон богослужението треба да бидат основата, врз која ќе го изградиме религиозното образование. Кога родителите се грижат дека нивните деца ќе се заморат бидејќи службите се долги, и ги жалатат своите деца, тие всушност несвесно го изразуваат сопствениот однос кон црковниот живот, а не односот на децата.

Децата и Црквата

 


             Како по правило децата многу сакаат да ја посетуваат Црквата; оваа инстиктивна привлечност и интерес кон богослужението треба да бидат основата, врз која ќе го изградиме религиозното образование. Кога родителите се грижат дека нивните деца ќе се заморат бидејќи службите се долги, и ги жалатат своите деца, тие всушност несвесно го изразуваат сопствениот однос кон црковниот живот, а не односот на децата.
             Децата многу полесно од возрасните навлегуваат во светот на ритуалот, на литургискиот символизам. Тие ја чувствуваат и многу им се допаѓа атмосферата на нашето црковно богослужение. Опитот од Светоста, чувството за средба со Некого, Којшто е вон секојденевниот живот, којшто е основата на секоја религија и срцевина на нашите служби, е попристапен за нашите деца, отколку за нас. “Ако не станете како деца...“овие зборови сведочат за возприемливоста, отвореноста, природноста, која ние ја губиме, штом пораснеме и излеземе од детството.
             Колку многу луѓе го посветиле својот живот на служење на Бога и се оддале на Црквата, само заради тоа што ја сочувале љубовта кон молитвениот дом и радоста од литургискиот опит, уште од детството. Ете зошто основното задолжение на родителите и учителите е “да ги остават децата и да не им пречат“ (Мат. 19:14) да ја посетуваат Црквата. Црквата е најсоодветното место каде што децата треба да го слушаат словото Божјо. Во училницата словото е тешко за разбирање, тоа останува апстрактно, но во Црквата тоа е во вистинскиот свој дом. Во детството ние имаме капацитет да разбереме, не интелектуално, туку со целото наше битие, дека на земјата нема поголема радост од таа да бидеш во Црквата, да учествуваш во црковните служби, да го вдишуваш благоуханието на Царството Божјо, кое е “радост и мир во Светиот Дух“.
           Од најраното детство одењето во Црква треба да биде надополнето со домашна атмосфера, која го подготвува или продолжува расположението од Црквата. Да ги земеме за пример неделните утра. Како може едно дете да ја почувствува   светоста на неделното утро и на она што ќе го види Црквата, ако дома радиото или телевизорот “грмат“, родителите пушат и читаат весници и генерално владее профана атмосфера? На одењето во Црква, треба да му претходи чувство на прибраност, тишина, тивка торжественост. Блесокот на кандилата пред иконите, читањето на делови од Библијата, чистата облека, исчистените соби за празникот – многу често родителите не се свесни до кој степен овие нешта го оформуваат религиозното сознание кај децата, оставаат отпечаток, кој ни подоцнежните искушенија во животот не можат да го избришат. Во предвечерието на неделата и преку целиот неделен ден, за време на црковните празници, за време на пост, во деновите кога се подготвуваме за исповед или причест, домот треба да ја одразува Црквата, да биде озарен од светлината која ја носиме со себеси од богослужението.

 
< Претходно   Следно >
© Sveti Spas - Dracevo